Легендарната Американка Линдзи Вон доживеа уште еден тежок пад на Зимските олимписки игри во Кортина за време на трката во спуст.
Вон пристигна во Италија повредена, бидејќи само пред девет дена падна на спуштањето во Кран Монтана и ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. И покрај ова, таа одлучи да се натпреварува на своите последни Олимписки игри, но мина само седум секунди на патеката.
За време на скокот, Линдзи Вон фати капија во воздух, потоа се сврте и излета од патеката. Дојде до нова ротација на коленото по што не можеше да стане.
Помина околу 20 минути лежејќи на патеката додека чекаше хеликоптер. Нејзините крици од болка можеа да се слушнат во преносот во живо, а наскоро почнаа да пристигнуваат и првите информации за сериозноста на повредата.
„Беше ужасно, бидејќи кога ќе видите носилка како ја изнесува, тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели поговорката за човекот во арената – таа се осмели, даде се од себе и отиде до крај. Многу е тешко да се гледа, но најважно за нас е да е добро“, изјави нејзината сестра Карен Килдоу за Би-Би-Си.
„Не знам што ќе се случи следно. Очигледно е дека е однесена со хеликоптер од местото на несреќата и веројатно само ќе почекаме. Сите нејзини хирурзи, физиотерапевти и лекари се со неа, па дефинитивно ќе нè известат. Ќе одиме во болницата каде што е. Единственото нешто што го знаеме засега е дека ќе биде на преглед и се надеваме дека наскоро ќе слушнеме повеќе“, заклучи Килдоу.
The helicopter has now left the area with Lindsey Vonn. Not how anyone wanted today to go. A little over a 20 minute pause and now the event will continue. https://t.co/BTaxJlLNcc pic.twitter.com/68RwjFR8HZ
— Justin Surrency (@JustinSurrency) February 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

