Први проблеми за организаторите на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Поради силен ветар мораше да биде одложена предвидената трка во спуст на патеката Џонгсеон.
Па, место денеска, спустот за мажи е одложен за четврток (15. февруари) со почеток од 03 часот по македонско време.
„Мораше да се откаже трката поради безбедносни причини, како за натпреварувачите така и за гледачите поради навистина силниот ветар на самата патека“ – соопштија организаторите на ЗОИ.
Брзината на ветрот во алпскиот центар Џонгсеон изнесувала и до 70 километри на час, а температурата и до – 20 степени Целзиусови.
Олимписките игри во Пјонгчанг ќе бидат едни од најладните во историјата на олимпизмот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА