Навивачката зона околу зградата на Рајхстагот во Берлин во моментов е евакуирана поради сомнителен предмет, објави Билд . Како што пишува германскиот весник, осомничениот кој е уапсен оставил ранец во близина на влезот во зоната.
Полицијата врши детален претрес на теренот, инволвирани се и кучиња трагачи, а се претпоставува дека станува збор за експлозивна направа.
Портпаролката на берлинската полиција Беате Остертаг кажа дека од безбедносни причини се пребарува теренот.
– Од безбедносни причини е поставено заштитено подрачје. Во моментов се пребарува ранецот, а постои можност да не е внесен во фан зоната бидејќи е поголем од дозволената големина. Заштитеното подрачје е широко 200 метри, но не ја опфаќа целата фан зона. Три влеза се затворени, а еден е се уште отворен“, рече таа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА