Првична обдукција: Пет форензичари, семејството инсистирало на една работа

Резултатите од првичната обдукција врз Диего Армандо Марадона ги потврдиле првичните информации – фудбалската легенда починала од срцев удар.

Аргентинските медиуми информираат дека во обдукцијата учествувале петмина форензичари, како и еден доктор. Присуството на докторот било на инсистирање на семејството на Марадона, чии членови сакале нивни близок човек да биде дел од обдукацијата.

„Диего Армандо Марадона починал од акутна, конгестивна и хронична срцева инсуфициенција. Овој проблем понатаму генерирал и акутен едем на белите дробови, што севкупно донело до трагичен исход“, се вели во резултатот од обдукцијата што го објавија аргентинските медиуми.

Во следните денови се очекува да бидат откриени резултати од деталната обдукција со која ќе бидат откриени сите здравствени проблеми кои ги имал во периодот пред смртта, а ќе бидат објавени и резултатите од токсиколошката анализа која ќе утврди дали во крвта на Диго имало присуство на лекови, друга или алкохол.

Се вчитува...