Првиот човек на Барселона откривa: Преговорите со НБА Европа се во напредна фаза

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта откри дека преговорите со НБА Европа за натпреварување во ново првенство се во напрдна фаза и дека постојат повеќе опции за реализација на планот кој ќе донесе потполно промената мапа на кошарката на „стариот континент“.

Лапорта не откри детали до планот, но откри дека за натпреварување во едно вакво првенство на Барселона ќе и треба голема арена чија изградба се очекува да се случи во следните години.

„Разговорите се доста напреднати. Не можам да откријам која ќе биде конечната структура, но постојат повеќе опции. Постои договор со Евролигата. Знам дека НБА разговара и со Евролигата и со ФИБА. Слушаме што ни говорат“, изјави Лапорта.

„НБА сака да постави свое присуство во Европа, а ако тоа се случи, прашањето за арената и „Палау Блауграна“ мораат сериозно да се размислат. Нема да делиме сопствеништво на новата арена со никој. Мораме да имаме во план можност за промена на натпреварување. Новата сала мора да ги исполнува барањата на НБА лигата“

Се вчитува...