Првиот човек на ФИБА Европа: Јас сум против учество на Дубаи во Евролигата

Претседателот на европската секција во Светската кошаркарска федерација (ФИБА), Хорхе Гарбахоса се изјави против идејата Дубаи да се натпреварува во Евролигата.

Легендарниот Шпанец одржа пресконференција за медиуми, а една од темите беше токму оваа вест која веќе подолго време е актуелна во светот на кошаркарта.

„Клучниот збор тука се „гласини“. Не гледам никаква врста на предлог или договор за било што. Како претседател на ФИБА Европа не ми се допаѓа фактот дека клуб од друг контиент сака да се натпреварува на нашиот континент. Тоа е Евролига. Во прнцип, за мене тоа нема смисла.

Ако тоа евентуално се случи мора да видиме како ова сценарио во Европа ќе влијае на проблемите со патување на играчите и клубовите. Искрено, не сакам да навлегувам во тоа премногу бидејќи не го знам предлогот, ако воопшто постои конкретен предлог за договор од Дубаи. Но, повторно ќе кажам. Ова воопшто не ми се допаѓа, особено во Европа.

Називот на натпреварувањето е Евролига. Така да, ако донесеме клубови од Азија, тоа е сосема друга работа. Ако тоа се случи мора да видиме дали тоа ќе значи дека еден европски тим ќе биде надвор од конкуренција. Дали тогаш Евролигата ќе има 19 клубови? Не знам, немам детали, но јасно кажувам. Како европско натпреварување за мене тоа воопшто нема смисла“, изјави Гарбахоса.

Се вчитува...