Првиот човек на ФИБА Европа во посета на Македонија

Претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса денеска е во посета на Македонија додека Македонската кошаркарска федерација го организира второто во низа младинско Европско првенство за текот на ова лето.

Поранешниот шпански репрезентативец беше пречекан од својот долгогодишен пријател и претседател на КФСМ, Перо Антиќ и од Генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Со раководството на КФСМ, а на покана на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Гарбахоса оствари работна посета во Охрид каде беше пречекан и од Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и од Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Посетата на нашата земја, првиот човек на европската зона на ФИБА ќе ја искористи и да присуствува на завршницата на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, односно биде дел од полуфиналните натпревари кои се играат во салата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Се вчитува...