Првиот човек на Француската федерација му се извини на Зидан: Ова беше недоразбирање…

Претседателот на француската федерација, Ноел Ле Грат кој ја продолжи соработката со Дидие Дешамп на селекторската функција на Франција, неочекувано имаше навистина изненадувачки коментари за Зинедин Зидан.

„Немам ништо да кажам, нека оди каде што сака. Во клуб или во репрезентација, тоа не ме интересира ниту најмалку. Дали се обидел да ми се јави? Секако дека не, а и да ме побара јас не би му се јавил“ – истакна Ле Грат.

Сето тоа наиде на револт во француската јавност, за да на тие зборови од претседателот на федерацијата одговори Килијан Мбапе, кој на својот твитер профил одлучи да му одговори на претседателот…

„Зидан е Франција, ние не покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“ – напиша Мбапе.

По сите тие критики од француската јавност првиот човек на ФФМ ја разбра грешката и одлучи да се извини.

„Ова беше недоразбирање.  Сакам да се извинам за овие коментари, тие воопшто не го рефлектираат она што јас го мислам за него како фудбалер и како тренер“ – истакна Ноел за АФП.

Се вчитува...