Првиот човек на фудбалска Италија: Ќе бидам искрен, стравувам од Македонија! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија на 24 март на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе го одигра двобојот со силната Италија.

Станува збор за меч во рамки на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар, а претседателот на италијанската федерација, Габриеле Гравина вели дека е уплашен.

„Ќе бида искрен и ќе кажам дека стравувам од првиот натпревар против Македонија. Овие натпревари секогаш се тешки за играње. Италија е голем фаворит, но тоа за нас ќе биде многу тежок натпревар. Нема место за поправен, а Македонија е квалитетна репрезентација, постигна добри резултати во изминатиот период. Затоа фудбалерите треба да бидат многу внимателни“, изјави Габриеле Гравина.

Победникот од дуелот меѓу Македонија и Италија ќе игра во финалето на плејофот со подобриот од дуелот Португалија – Турција.

 

 

Се вчитува...