Првиот човек на германската федерација: Нема отказ за Лев, ќе ја води Германија на ЕП!

Јоаким Лев останува селектор и ќе ја води германската репрезентација на ЕВРО 2020 ова лето. Дел од германската фудбалска јавност бараше отказ за него по поразот од Македонија во мундијалските квалификации, но промена на селекторската клупа нема да има.

Претседателот на Германската фудбалска федерација, Фриц Келер истакна дека без разлика на „епскиот срам и бламажа“, како што го нарече поразот од Македонија, нема да има промена на селекторската функција.

„Јасно е дека сите сме многу разочарани од поразот од Македонија, но тој пораз е само еден спортски момент кој ништо не менува во нашите планови. Јоаким Лев и неговиот тим направија добра анализа за тој натпреварот, и мислам дека се донесени вистинските заклучоци за успешен настап на Европското првенство, но и сигурен сум дека ќе се обезбеди учество на СП 2022 во Катар“ – истакна Келер.

Лев, по цели 15 години на клупата на Германија, ќе се повлече по ЕВРО 2020. Германската јавност го наведува Ханси Флик како најсериозен кандидат за негов наследник, иако во игра е и Јирген Клоп.

Се вчитува...