Првиот човек на Ла лига призна дека е фан на Реал Мадрид

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека е навивач на Реал Мадрид. Шефот на шампионатот зборуваше за претстојното „Ел Класико“ во кое со цело срце се надева дека кралскиот клуб ќе ја престигне Барселона до крајот на сезоната и ќе ја освои титулата во лигата.

Претседателот на шпанската Ла Лига предизвика голем скандал откако призна дека е навивач на Реал Мадрид. Тоа го направи пред „Ел Класико“ кое се игра в недела и кое може многу да значи за шампионатот.

„Дали првенството е завршено? Јас сум Мадридиста, Реал Мадрид веќе достигна седум или осум поени разлика претходно, а има уште многу да се игра до крајот на сезоната. Замислете што ќе се случи ако Реал победи во „Ел Класико“, ќе биде многу блиску“, рече Тебас.

Пред неделното „Ел Класико“ кое ќе се игра на стадионот „Камп Ноу“, Барселона има девет бода предност пред најголемиот ривал и со евентуална победа би стигнала до плус 12 и би била на чекор од титулата.

Се вчитува...