Првиот човек на Мекларен бесен по контактот на Пијастри и Норис: Тоа е недозволиво

Првиот човек од Мекларен, Андреа Стела јавно го изрази незадоволството од своите возачи Ландо Норис и Оскар Пијастри кои на Големата награда на Италија за малку избегаа меѓусебен судир.

Истиот ќе се случеше во 24. круг кога Пијастри при излез од боксот успеа да го помине Норис, но британскиот возач не попушти па борбата настана во кривините 1 и 2 каде дојде до минимален допир кој за среќа не предизвика поголем проблем.

„Никогаш не смее да постои контакт помеѓу два болиди на Мекларен. Овој пат тоа се случи што воопшто не е наш пристап на тркање. Важно е да разграничиме што е прифатливо, а што не е.

Детално ќе прегледаше што се случи. Секогаш е тешко кога се враќате на стазата по промената на пневматиците, особено кога вашиот болид има тврди пневматици. Оскар се обиде да ја заштити позицијата, но тоа е тешко со незагреани пневматици. Можеби и Пијастри погрешно ја процени ситуацијата. Двата возачи знаат дека контакт со тимски колега не смее да се случи“, беше пораката на Стела.

Се вчитува...