Првиот човек на Милан дијагностициран со канцер

Првиот човек на Милан, Иван Газидис извесно време нема да ги извршува функциите во клубот откако беше обелоденето дека боледува од канцер на грлото.

Влошената здравствена состојба во изминатиот период придонела тој да биде детално прегледан во клиника во Милано, при што му бил дијагностициран канцер.

„Секако, никогаш не е добар момент да се каже дека имате канцер на дел од телото. Сепак, ова е форма што може да се излекува, дијагнозата на лекарите е позитивна и со сета медицинска грижа што ја добивам, убеден сум дека ќе излезам како победник и целосно ќе се рехабилитирам. Нема да можам да работам, но верувам во мојот тим, имаме моќна екипа, и на теренот и надвор од него и знам дека клубот ќе се движи во вистински правец. Се гледаме наскоро… и секогаш Форца Милан“, изјави Газидис.

Иван Газидис е прв човек на Милан од декември 2018 година, кога дојде на оваа функција од премиерлигашот Арсенал.

Се вчитува...