Првиот човек на Мото ГП, Кармело Езпелета немаше многу убави зборови за завршницата на првенството во Формула 1 минатата година. Макс Ферштапен стигна до титулата на последната трка во Абу Даби, откако во последниот круг го помина Луис Хамилтон и по одлуката од патеката да се повлече сигурносното возило.
Трката се уште ја истражува ФИА, а Езпелета вели дека не би сакал слична завршница во Мото ГП шампионатот.
„Не сакам таков крај на сезоната. Би сакал нормално двајца возачи да бидат во конкуренција за титула до последната трка, но тоа што се случи во Формула не е за пофалба. Падна сенка на возачите кои цела сезона на неверојатен начин се бореа за титулата“, изјави Езпелета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА