Комесарот на НБА, Адам Силвер, одржа прес-конференција, каде што прво ја информираше јавноста дека дефинитивно е одлучено лигата да се прошири со уште две франшизи, но се осврна и на прашањето за НБА Европа и Евролигата.
Како што се очекуваше, едно од прашањата за Силвер беше поврзано со проектот НБА Европа околу новата Евролига и дали се очекува таа лига да започне на есен 2027 година.
„Да, имам чувство дека тој датум е во игра. Добро го познавам новоназначениот извршен директор на Евролигата, Хесус „Чус“ Буено, со кого работев многу години во НБА. Мислам дека за доброто на европската кошарка, најдобро е да имаме заедничка Евролига, да имаме заеднички систематски пристап кон растот на играта. А тоа значи и соработка со Евролигата, националните лиги, ФИБА“, рече Силвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

