Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно се појави во јавноста.
Контроверзниот сопственик на „зелените“ од Атина реагираше на објавата на Јонас Валанчиунас, кој сега дефинитивно ги отстрани сите сомнежи во врска со неговото евентуално доаѓање во Панатинаикос.
Јанакопулос објави стори на Инстаграм, каде кратко и јасно го искажа своето мислење во врска со одлуката на литванскиот центар.
„Без очекувања – без реакција“, напиша Јанакопулос.
Панатинаикос ќе го има дуото од минатата сезона, Матијас Лесор и Омер Јуртсевен, на централната позиција за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

