Првиот човек на ПАО со нова хит изјава: Ако треба ќе го доведам и Џордан само да ја освојам Евролигата

Сопственикот на атинските Панатинаикос, Димитрос Јанакопулос има намера повторно да ги помести границите. Наскоро би можело да пристигне ново големо засилување во грчката престолнина.

Во еден од неговите традиционални „лајфови“ на Инстаграм, бизнисменот откри дека подготвува нешто необично.

„Се обидувам да обезбедам огромно засилување. Вистинска бомба! Ќе го доведам и 29-годишниот Мајкл Џордан доколку е потребно, само за да ја освоиме Евролигата“, беше мистериозен 52-годишникот кога им се обрати на своите следбеници.

Ергин Атаман веќе има еден вид „тим од соништата“ во Панатинаикос, за кој во моментов настапуваат ѕвезди како Кендрик Нан, Чеди Осман, Хуанчо Хернангомез, Костас Слукас, Матијас Лесор, Ти-Џеј Шортс…

Се вчитува...