Зборовите на првиот човек на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, дефинитивно нема да му се допаднат на Жељко Обрадовиќ, кој сè уште размислува дали да се врати на црно-белата клупа.
Денеска требаше да се одржи состанок, на кој конечно ќе се знае дали Жељко Обрадовиќ ќе продолжи да биде тренер на Партизан. Тој состанок беше одложен, но се појавуваат сè повеќе детали од долгиот разговор што се одржа во петокот.
Обрадовиќ го соочи претседателот Остоја Мијаиловиќ со фактот дека знае што вториот му кажал на член на Управниот одбор, инаку добар пријател на Обрадовиќ. Наводно, Мијаиловиќ му рекол на тој член на одборот да не се грижи бидејќи „притисокот ќе помине по првата победа на новиот тренер што ќе дојде“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

