Флоријан Пристел, првиот човек на Пристел гран при тимот, со огромна тага се прости од својот трагично починат мотоциклист Џејсон Дупаск. Младиот Швајцарец (19) го загуби животот во неделата по падот на патеката, за време на саботните квалификации за Големата награда на Италија во Мото 3 шампионатот.
Пристел упати сочувство до семејството и најблиските на младиот мотоциклист, Џејсон Дупаск.
„Ова е најбруталната страна на нашиот спорт. Многу е тешко да се опише големината на болката и сите моментални чувства по добиената трагична вест. Нашиот свет беше запрен во моментот кога Џејсон Дупаск ја загуби најтешката борба во животот. Тагуваме за загубата на еден млад возач и голема личност. Искрено сочувство до неговото семејство и пријателите. Џејсон беше неверојатно добро момче, пример за многу таленти. Така ќе го паметиме. Вработен спортист кој го оствари сонот Мото 3. Можеме да бидеме горди на она што го остави зад себе, иако нè остави како 19-годишник. Добиваме голем број пораки за поддршка. Сега треба да ја прифатиме оваа тешка ситуација и да продолжиме најдобро што можеме, со цел да ја исполниме мисијата на Дупаск и да го зачуваме почесното сеќавање за него“, се додава во соопштението.
Смртта на Дупаск е прва на Светскиот шампионат по пет години, по несреќата во која Луис Салом почина на патеката „Каталонија“ на 3 јуни 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА