Првиот ден од „новата НБА“ потврди фантастичен потег на раководството

Сезоната 2023/24 во НБА лигата испишува и историја со прво одржување на Купот во тамошното натпреварување кое раководството на првенството го нарече „In season tournament“. Изминатата вечер беа одиграни првите седум натпревари во новиот формат, а навивачите ја пофалија револуцијата.

И НБА лигата веднаш се пофали со даток кој вели дека навивачите уживале во неизвесни натпревари, односно дека во последните 10 сезони само една вечер има завршено со помала просечна разлика во постигнати поени помеѓу ривалите на теренот. Оваа вечер просекот е 4.9 кошеви, што за споредба со претходните два дена (9.25 и 13.2 поени разлика) е далеку помала.

Како потсетување, НБА Купот е натпреварување во кое ќе се пласираат тимовите во однос на резултатите од основниот дел од сезоната. Со оглед на изедначеноста големо значење ќе има и кош-разликата која го прави секој натпревари во регуларниот дел од првенството далеку позначаен.

Се вчитува...