Првиот гол на Кире на СП 1999… Kолку ќе даде овој јануари? (ВИДЕО)

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров „авантурата“ во националниот дрес ќе ја заврши токму во местото каде се почна почна, Египет. Нашата репрезентација по откажувањето на Чешка се најде на шампионатот каде ќе ги одмери силите со домаќинот, Шведска и Чиле.

Кире првиот натпревар во дресот на репрезентацијата на Македонија на големите натпреварување го имаше токму во Египет на Светското првенство во 1999 година. 19-годишниот Лазаров влезе од клупата на мечот против Саудиска Арабија и со еден прекрасен лоб удар се запиша за прв пат во листата на стрелци.

Оттогаш поминаа 22 години, а се останато е историја.

 

Се вчитува...