Првиот гол на Меси во 2026 е ремек-дело (видео)

Лео Меси блесна во сиот свој сјај, носејќи голем пресврт и победа на Интер Мајами на гостувањето против Орландо (2-4) во рамките од МЛС-лигата.

Орландо неочекувано по 25 минути игра водеше со 2-0, но тоа беше знак за Меси да ги преземе работите во свои раце. Силвети го псотигна првиот погодок за Интер Мајами, по што Лео стрелаше прецизно од дваесетина метри, вистинско ремек-дело за неговиот прв гол на официјалните средби во 2026 година.

Аргентинецот добрата партија ја круниса со уште еден погодок со прекрасен слободен удар, вкупно 70. за него од вакви ситуации во кариерата.

Се вчитува...