Денеска започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а веќе ги имаме и првите голови.
Првиот гол во сезоната 2024/25 падна во Гостивар. Го постигна екипата на Шкендија против новиот прволигаш БЕСА кој дебитира во „елитата“. Фитон Адеми во 11. минута излезе сам пред голот, и рутинирано донесе предност за „црвено-црните“. Во 22. минута истиот фудбалер донесе и предност од 0-2 за тетовската екипа.
Гол има и на стадионот во Маџари, каде што домашниот тим Шкупи има предност против Воска Спорт. Стрелец на голот беше Џемал Ибиши.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА