Првиот пик на НБА драфтот тргна по стапките на три легенди (ВИДЕО)

Првиот пик на овогодинешниот НБА драфт, Паоло Банчеро одигра одличен прв натпревар во најсилната кошаркарска лига и веднаш се запиша во историјата, бележејќи 29 поени, 9 скока и 5 асистенции во поразот на Орландо од Детроит.

Тој е само третиот дебитнант кој успеал да запише над 25 поени проследени со 5 скока и асиснтеции со што влезе во избрано друштво покрај легендарните Карим Абдул Џабар и Леброн Џејмс, најдобриот поентер во историјата на првенството и човекот кој треба да го надмине неговиот рекорд оваа сезона.

Покрај тоа ниеден руки во НБА лигата не постигна повеќе поени од Банчеро во деби настапот уште од 1996 година и првата сезона на Ален Ајверсон кој истотака во пораз, запиша 30 поени.

Се вчитува...