Првиот шок во Монте Карло уште на стартот (ВИДЕО)

Данскиот тенисер Холгер Руне го заврши настапот на Мастерсот во Монте Карло. Руне го загуби мечот од Португалецот Борхес во два сета, откако го предаде при водство од 0-3 во вториот сет за противникот.

Првиот сет го доби португалскиот тенисер со 2-6.

Руне, според информациите по мечот, не се чувствувал добро, во еден момент добил и сериозно влошување на здравствената состојба па бил принуден да предаде.

Холгер Руне беше 10-ти носител во Монте Карло и беше во истиот дел од ждрепката како и Новак Ѓоковиќ.

Борхес во следното коло ќе игра против Пабло Мартинез од Шпанија.

Се вчитува...