Пау Гасол вечерва против Баерн Минхен го игра својот прв натпревар за Барселона по враќањето од НБА-лигата. Шпанскиот ветеран веднаш остави трага врз играта на каталонците, постигнувајќи шест поени за четири минути игра, пред да биде преселен на клупата за резерви.
Барселона без оглед на исходот од овој меч ќе заврши како првопласирана, поради Јасикевичиус реши на овој меч воопшто во тимот да не бидат Миротиќ и Хигинс.
Се очекува Гасол да одигра дваесетина минути, во обид тој да влезе во посакуваниот ритам токму за клучниот дел од сезоната, во која Барса ќе атакува на трофеи како во Евролигата, така и во шпанскиот шампионат.
.@paugasol makes the first basket of his return!
Nothing But Net.#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/hFvkOfAdH7
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) April 9, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА