Првите тренинг активности под водство на Лазаров, низ максимално позитивна атмосфера (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската ракометна репрезентација под водство на новиот селектор, легендата на домашниот и европски ракомет, Кирил Лазаров, ги реализира тренинг активностите за двата натпревари против Данска во квалификациите за пласман на ЕП 2022.

Во исклучително позитивна атмосфера се работи пред се со ракометарите од домашниот шампионат, а во очекување на утрешното комплетирање на националниот тим.

Македонија со Данска во Скопје игра на 11. март а реваншот е за три дена на гостински терен.

 

 

Се вчитува...