Сер Алекс Фергусон се чувствува се подобро, зголемувајќи го оптимизмот кај неговите најблиски дека може да дојде до целосна рехабилитација по претрпениот мозочен удар.
Британските медиуми објавија и детали од комуникацијата на Ферги со неговото семејство, па така првите зборови на прославениот тренер по будењето од кома биле „Што направи Донкастер во последното коло“, упатени до неговиот син Дарен, кој е тренер на овој англиски третолигаш. Поради болестата на својот татко Дарен не го водеше тимот против Виган, меч што неговиот тим го загуби со 1-0.
„Тоа е типично за Сер Алекс, не може да престане да зборува за фудбал“ – велат блиски пријатели на семејството Фергусон.
Тој на шега коментирал и дека планира да оди во Киев за финалето од ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, нешто што сигурно нема да му биде дозволено од страна на докторите. Сер Алекс Фергусон засега останува на одделот за интензивна нега, за неговата состојба да се следи во секој момент, но јасно е дека ваквиот развој на настаните дава оптимизам за тој без посериозни последици од мозочниот удар да продолжи со животот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА