Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа на одличен начин ја отвори 2023 година откако во својот прв турнир успеа да обезбеди финале.
Таа денеска во полуфиналето без проблеми славеше против Турчинката Зејнеп Сонмез со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.
Во финалето нашата тенисерка утре ќе се сретне со Белгијката Јанина Викмаер која своевремено беше 12. тенисерка во светот, а во 2009 година играше и полуфинале на УС опен каде загуби од Данката, Каролине Возниацки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

