Прво големо откажување од Австралија Опен

Веќе го имаме првото големо откажување од Австралија Опен следната година. Првиот Грен слем во сезоната ќе почне кон средината на јануари, а на него нема да игра 10-тиот тенисер на светот, Џеј Дрејпер.

Британскиот тенисер го мачеа повреди во текот на целата 2025 година, а одигра само еден натпревар од Вимблдон. Има проблем со повреда на раката, која никако да ја залечи, и тоа закрепнување ќе продолжи и на почетокот на новата година.

„ За жал, јас и мојот тим одлучивме да не одиме во Австралија оваа година. Тоа е навистина тешка одлука бидејќи Австралија Опен е Гренд слем и еден од најголемите турнири во нашиот спорт. Долго време ја имам оваа повреда . На самиот крај сум од процесот, но веднаш да се вратам на тенисот сега со три освоени сета не ми изгледа како паметна одлука за мене и за моето здравје.“, напиша Дрејпер. 

Се вчитува...