Струга Трим Лум го обезбеди своето прво финале на Купот во историјата. На домашен терен во полуфиналниот натпревар, ја совладаа екипата на Силекс, и им го прекинаа патот до ново финале на кратовци.
Херој на стружани беше Меџит Незири кој го постигна единствениот гол. Изведен корнер од Кочоски до главата на Незири кој ја „заби“ топката во мрежата.
Во Тетово по водството на Македонија ЃП, Шкендија успеа да израмни во вториот дел, и така таму победникот ќе се решава по изведување на пенали. Личина им донесе предност на „лавовите“ во 13. минута, а Милев во 65. минута успеа да израмни. До крајот на мечот Шкендија се обиде да дојде до пресврт, но „лавовите“ се одбранија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА