Прво па женско: Јанта Волеј со деби победа во Лигата на шампионите!

Женскиот одбојкарски шампион на Македонија, Јанта Волеј со победа го стартуваа првиот настап во Лигата на шампиони откако вечерва на домашен терен во трилер меч славеа со 3-2, по сетови 25-21, 21-25, 25-22, 20-25 и 18-16 против Гацко од Босна и Херцеговина.

Одбојкарките на Јанта Волеј го освоија воведниот сет со 25-21. Босанскиот тим беше одличен во вториот сет и постојано имаше предност и го сови 25-21, но во следниот сет одбојкарките на македонскиот тим возвратија на идентичен начин за 2-1.

Во четвртиот сет Гацко славеше со 25-20 и го одведе мечот во одлувачкиот тај-брејк. Голема и исцрпувачка борба понудија одбојкарките на двете екипи во петтиот решавачки сет, а на крајот успеаја да се израдуваат македонските шампионки со 18-16.

Реваншот меѓу Гацко и Јанта Волеј кој ќе се игра во Босна и Херцеговина е закажан за седум дена.

Се вчитува...