Прво појавување во јавност по операцијата – Алекс Фергусон: Наскоро ќе се вратам на „Олд Трафорд“

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон, се обрати јавно прв пат по напуштањето на болницата во која во мај годинава му беше извршена операција на мозокот. Видеото со пораката во која Фергусон се заблагодарува на болницата и на персоналот што се грижел за него, е објавено на Твитер профилот на Манчестер јунајтед.

„Верувајте, без овие луѓе кои ми пружија таква нега, јас денеска немаше да седам овде. Имаат голема благодарност од мене и од моето семејство“ – вели 76-годишниот Алекс Фергусон.

Легендарниот менаџер имаше итна операција на 5 мај годинава и помина извесен период на интензивна нега во болницата „Салфорд Ројал“. Неговото последно појавување во јавноста беше на 29 април на „Олд Трафорд“ кога му го предаде почесниот пехар на заминувањето на Арсен Венгер од Арсенал.

Фергусон се заблагодари и за бројните пораки со поддршка што ги добил од целиот свет додека беше во болница и што му дале сила да ги преброди тешките моменти. Тој најави дека сезонава одново ќе биде на трибините на натпреварите на Манчестер јунајтед.

„Сите тие пораки што ги добивав од цел свет ме направија да бидам посилен. Подоцна сеознава ќе се вратам на стадион да го гледма тимот, а во меѓувреме на Жозе Мурињо и на играчите им посакувам се најдобро“ – порача Алекс Фергусон.

Легендарниот тренер се повлече од Манчестер јунајтед во мај 2013 година со освоени 38 титули во 26 години што ги помина на клупата на овој клуб. Најтрофејниот менаџер во историјата на британскиот фудбал, на „Олд Трафорд“ донесе 13 шампионски нтитули во Премиер лигата, две титули во Лигата на шампионите, пет титули во ФА Купот и четири во Лига купот.

 

Се вчитува...