Прво полуфинале и веднаш падна првиот олимписки рекорд во пливање

Актуелната светска рекордерка, Американката Гречен Волш уште на првата трка во вечерашната програма на пливачкиот турнир на игрите во Париз успеа да го урне олимпискиот рекорд на 100 метри пеперутка.

Волш во првото полуфинале на оваа делница, 100 метри пеперутка преплива за 55.38 секунди што е нов олимписки рекорд и за десет стоти делови од секундата подобро од досегашниот рекорд на легендарната Швеѓанка, Сара Сјостром.

Се вчитува...