Ига Швијонтек освои бројни трофеи низ својата фантастична кариера, но изненадувачки таа имаше многу проблеми на Вимблдон сите овие изминати години. Најголем успех на полската тенисерка беше пласман во четвртфиналето на британскиот гранслем турнир, резултат што успеа да го подобри со денешната победа над Самсонова, со која Швијонтек за првпат во кариерата стигна до едно полуфинале на Вимблдон.
Полската тенисерка тргна фуриозно и во голем стил го освои првито сет со 6-2, што воедно беше и прв загубен сет на Самсонова на Вимблдон годинава. Вториот сет донесе далеку поголема борба, Швијонтек два пати имаше предност од брејк, но противничката наоѓаше начин да се врати.
Пресудна се покажа завршницата на вториот сет, кога при 5-5 фаворитката одигра најдобро, ја искористи својата втора меч топка и стигна до полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

