Вардар и Работнички играат без голови по првото полувреме во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Шкендија, пак, во дерби пресметката води против Струга ТЛ со 1-0, а Шкупи има предност од 2-1 на дуелот против Тиквеш.
Шкендија води против шампионот благодарение на голот од пенал на Бесарт Ибраими во 31. минута од средбата.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Гостивар успеа да се врати во игра по негативата на дуелот против АП Брера, па со предност од 2-1 да го заврши полувремето.
Струмичани дојдоа до водство со прекрасниот гол на Мартин Ѓоргиевски уште во 13. минута од средбата.
Но, потоа следеше пресвртот. Најпрво Ајдоган постигна вистински евро-гол со волеј-удар од 22 метри.
А, во судиското продолжение и Алдаир погоди за 2-1.
Шкупи, пак, исто така со 2-1 има предност во пресметката против Тиквеш.
Силекс води на дуелот против Беса со погодокот на Алиќ уште во 15. минута од натпреварот, а Воска Спорт, пак, има идентична предност против Пелистер со голот на Ибраими во 20. минута.
ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ 2-1
Кадриу 5′, Аворнио 32′ – Спахиу 24′
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибраими 20′
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-1
Ајдоган 42′, Алдаир 45’+2 – Ѓоргиевски 13′
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0-0
Кратово: СИЛЕКС – БЕСА 1-0
Алиќ 15′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 1-0
Б. Ибраими 31′(п)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА