ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Шкендија лесно против Брегалница, Македонија ЃП го изненади Гостивар, без предност во Струга и во Турново (ВИДЕО)

Шкендија има лесна предност од 2-0 против Брегалница по првото полувреме од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое лидерот Струга ТЛ игра без голови на домашен терен против Воска спорт.

Тетовски експресно, уште во 7. минута дојдоа до предност од 1-0 против Брегалница на дуелот во Тетово.

Искористувајќи ја грешката на гостинската одбрана, Рамадани одлично асистираше до поранешниот фудбалер на АП Брера, Ване Крстевски кој убаво погоди од околу 12 метри.

А, веќе во 18. минута, Крстевски одлично асистираше а Адеми од непосредна близина донесе водство за Шкендија и од 2-0.

На дуелот во Гостивар, домашните имаат негатва од 1-2 против Македонија ЃП на полувремето.

„Лавовите“ ги шокираа домашните со предност уште во 14. минута од средбата. Од пенал погоди поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски за водство од 0-1 на Македонија ЃП.

Но, во 30. минута исто така од пенал стрелаше Кехинде за 1-1.

Сепак, Македонија ЃП дојде до водство на полувремето со ефектниот гол на Стоилов во 43. минута од средбата.

И Работнички имаше водство од 0-1 на гостувањето против АП Брера на дуелот кој се игра во Турново. „Романтичарите“ до водство дојдоа исто така од пенал, со голот на Мазари во 15. минута од натпреварот.

Но, во 32. минута стрелаше Стамениќ кај струмичани за израмнување на 1-1.

ПРВА ЛИГА – 25. КОЛО (прво полувреме)
Турново: АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 1-1
Стамениќ 32′ – Мазари 15′(п)
Тетово: ШКЕНДИЈА – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Крстевски 7′, Адеми 18′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ 0-0
Гостивар: ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2
Кехинде 30′(п) – Велкоски 14′(п), Стоилов 43′
ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР 3-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1

Се вчитува...