ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Тиквеш води со Брера, Брегалница со Шкупи, „лавовите“ се држат со Шкендија

Богато со погодоци прво полувреме од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига. Брегалница има предност од 1-0 против Шкупи, шокирајќи ги чаирчани по првите 45 минути игра, а предност има и за Тиквеш од 2-1 против АП Брера во Кавадарци.

Тиквеш дојде до предност против АП Брера во Кавадарци со погодокот на Малески во 19. минута од средбата.

Но, откако гостите израмнија во 32. минута со голот на Ристевски, потоа во 36. минута Сантош Силва од пенал повторно го врати водството за кавадарчани.

И Воска Спорт брзо поведе против Работнички со голот на Марушиќ во 19. минута.

Но, „романтичарите“ успеаја да израмнат со погодокот на Стојановски во 30. минута.

Брегалница, пак, има предност од 1-0 благодарение на голот на Пепи Ѓорѓиев уште во 7. минута од натпреварот.

Во Ѓорче Петров, Шкендија имаше предност од 0-1 со голот на Красниќи во 23. минута.

Но, Македонија ЃП успеа да израмни со голот на Жилберто во 36. минута од натпреварот.

ПМФЛ – 26. КОЛО (прво полувреме)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1-0
Ѓорѓиев 7′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-1
Жилберто 36′ – Красниќи 23′
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 2-1
Малески 19′, Сантош Силва 36′(п) – Ристевски 32′
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0-0
Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1
Марушиќ 19′ – Стојановски 30′
ВЧЕРА
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0

Се вчитува...