Финансиската криза во Колстад придонесе уште на првиот ден од подготовките да дојде и до прво заминување од норвешкиот првак, кој воедно е и ривал на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на Шампионите.
Јанус Смарасон, кој требаше да биде значаен фактор во атакот на трофеи на Колстад, не ја прифати понудата на управата за намалување на платата, наместо тоа веднаш пакувајќи ги коферите и потпишувајќи договор со Магдебург. Европскиот шампион беше во потрага по среден бек по повредата на Гисли Кристијансон (пауза од околу шест месеци), a изборот падна токму врз Смарасон, кој е репрезентативен колега на Гисли од селекцијата на Исланд.
„Во Смарасон добиваме плејмејкер со меѓународно искуство, ракометар кој веќе има играно во Бундес-лигата и ќе нема проблеми да се адаптира на нашиот ритам на игра“, изјави директорот на Магдебург, Бенет Вигерт.
Актуелниот европски шампион исто така потпиша нов договор со полскиот репрезентативец Пјотр Храпковски, кој важи за специјалист за одбраната во таборот на Магдебург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА