Прво засилување за Гостивар: Пристигна Американецот Фрајдеј (ВИДЕО)

По заминувањето на американските интернационалци, Малколм Армстед и Стаки Мозли, тимот од Гостивар се засили со 24-годишниот Џелоун Фрајдеј кој во Македонија пристигнува од хрватскиот тим Јажине, каде на десет одиграни натпревари во Втората лига бележеше просек од 13.7 поени, 6.8 скока и 0.9 асистенции.

За 206 високиот кошаркар кој потекнува од колеџ тимот на Аризона и игра на позициите четири и пет, ова ќе биде трет клуб во Европа откако пред настапот во хрватското првенство, ги бранеше боите на кипарскиот АПОЕЛ.

Се вчитува...