Руската олимпијка Алина Загитова го освои првото место во уметничко лизгање и на својата земја и го донесе првиот златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Загитова која има само 15 години со својот настап ја воодушеви публиката и до златото стигна со освоени 239,57 бода.
„Рацете ми се тресеа, но моето тело го правеше тоа што го тренирав. Не можам да верувам дека сум олимписка шампионка. Има многу титули што може да се освојат, но олимписката е најголема“ – изјави Загитова.
Доминацијата на Русија на мразот ја дополни Евгенија Медведева која го освои сребрениот медал со 238,26 бода. Бронзата заврши кај Канаѓанката Кетлин Озмонд која со настапот собра 231,02 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА