Прволигашката кошарка продолжува со три натпревари во Гевгелија, Струмица и Куманово

Седмото коло од Првата кошаркарска лига започнува денеска со три натпревари кои ќе бидат одиграни во Гевгелија, Струмица и Куманово, а продолжува во понеделни, вторник и четвртокот.

Од 18 часот во салата „26ти Април“ Кожув го пречекува Феникс 2010 во натпревар во кој двата тима целат кон враќање на победичките патеки. Половина час подоцна силите ќе си ги одмерат Струмица и Работнички во салата „Парк“ во меч во кој домаќините ќе бараат излез од црната низа на три натпревари без победа, а гостите продолжување на серијата победи на три во низа.

Богатиот неделен кошаркарски ден ќе биде заокружен со „сино-белиот“ дуел помеѓу Куманово и Гостивар во кој избраниците на Мирковски ќе се обидат да им го нанесат првиот пораз на гостиварци во сезоната.

Прволигашката кошарка продолжува во понеделник со мечот помеѓу Академија ФМП и ТФТ, во вторник со средбата помеѓу МЗТ Скопје и Чаир 2030, а завршува во „Јасмин“ на 1. декември кога Еуро Никел ќе го пречека Пелистер во мечот кој ќе ја одбележи рундата.

Се вчитува...