Прволигашката кошарка се враќа во Охрид

ГКК Охрид во следната сезона ќе биде дел од „елитната“ македонска кошарка откако славеше во „мајсторката“ од полуфиналната серија против Соколи 1933 со 64-55.

Со тоа Охрид повторно по 2019 година ќе добие прволигаш во градот откако претходно оваа улога им припаѓаше на АВ Охрид и Амак СП кој воедно е еден од деветте тимови со трофеј во Купот на Македонија.

Во финалето на Втората кошаркарска лига охриѓани за трофејот ќе се борат против екипата на Вардар која претходно успеа да слави со 2-0 во серијата против Ангели.

Се вчитува...