Последниот прволигашки натпревар за 2022 година ни го носи и големо возбудување во Битола каде силите ќе си ги одмерат Пелситер и МЗТ Скопје со почеток од 17 часот. Двата тима влегуваат во средбата по серијата на порази во АБА првенствата и ќе целат не само кон враќање на победничките патеки, туку и кон победа која ќе го донесе тимот во поповолна ситуација на табелата.
Во тој поглед предност имаат аеродромци кои влегуваат во мечот од врвот на табелата со скор од девет победи и само еден пораз за разлика од битолчани кои забележаа два порази и осум победи па „сино-бел“ триумф ќе го доведе МЗТ Скопје во предност од два натпревара во однос на другите екипи, додека одбрана на домашниот терен значи и ново изедначување на табелата.
Интересно, со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Пелситер точно пред една година заврши и 2021 година, а тогаш на гостински триумф се радуваше Пелистер кој во „Јане Сандански“ постигна 19 тројки за „зелено-бело“ славје.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

