Прволигашките возбудувања се враќаат на сцена: „Лавовите“ на триумф со Работнички

Со денешниот единствен натпревар од 25. коло повторно на домашната сцена се враќаат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига.

Македонија ЃП и Работнички во Ѓорче Петров денеска ќе го отворат викенд колото, со желбата и на двете страни за бодови од големо значење.

„Ќе дадеме максимум да завршиме на 4. место на табелата до крај на првенството. Сакаме да искористиме тоа што Силекс е слободен ова коло, и да се доближиме на шест бода. Го респектираме Работнички, но сигурен сум дека добрата атмосфера во клубот ќе ја крунисаме со три бода од денешниот дуел“ – вели еден од најдобрите фудбалери на Македонија ЃП, Арби Воша.

ПМФЛ – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ
УТРЕ (15 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА -ТИКВЕШ
Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

СИЛЕКС – слободен

Се вчитува...