Првотимец на Јувентус со коронавирус пред дербито со Милан

Андреа Пирло се соочува со сериозен проблем во пресрет на големото дерби со Милан што ќе се игра в среда откако стандардниот лев бек Алекс Сандро беше позитивен на денешното тестирање за Covid-19.

Бразилскиот репрезентативец настапи на синоќешниот дуел со Удинезе, но утрово покажал симптоми, по што веднаш бил тестиран. Резултатите биле позитивни, по што Сандро веднаш заминал во самоизолација и ќе го пропушти дербито со Милан, како и наредниот дуел со Сасуоло.

Утре ќе биде тестиран целиот тим на Јувентус, со сериозен ризик да има и други заразени што би бил вистински кошмар за Пирло пред пресметката со „росонерите“ од Милано.

Се вчитува...