Барселона го доби првото вечно дерби со Реал Мадрид во новата година, одиграно во рамките на кошаркарската АЦБ-лига откако каталонскиот гигант славеше среде шпанската престолнина со резултат 78-87. Кори Хигинс беше човекот на одлука, постигнувајќи 14 поени во последната четвртина, кога каталонците успеаја да се одлепат и да стигнат до триумф.
Мечот го одбележа израмнета игра во голем дел, но сепак Барселона беше тимот што во подолги периоди го контролираше резултатот. Ветеранот Серхио Љуљ со тројка со звукот на сирената намали на 42-44 на крајот од полувремето, но Барселона знаеше како да го задржи ритамот и во преостанатите 20 минути. Додека „кралевите“ се мачеа со своите напади, Барса во своите редови ги имаше одличните Хигинс и Лапровитола, кои го трасираа патот до победата.
Лапровитола беше најефикасна кај победничкиот тим со 19 поени, еден помалку постигна Хигинс, додека главна фигура во таборот на Реал Мадрид беше центарот Таварес, со дабл-дабл од 19 поени и 11 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

