Првото засилување на Конте во Наполи доаѓа од Реал Мадрид

Наполи ќе го комплетира првиот трансфер под водство на Антонио Конте потпишувајќи договор со Рафа Марин, 22-годишниот дефанзивец кој пристигнува од редовите на Реал Мадрид.

Марин никогаш не доби шанса да блесне во дресот на Реал Мадрид, но ланските настапи додека беше на позајмица во Алавес придонесоа овој фудбалер летово да биде желба на неколку врвни клубови ширум Европа. Најконкретни во преговорите беа Милан и Наполи, но Марин на крајот го избра Неапол за следна дестинација во кариерата, пред се поради можноста да заигра за Антонио Конте.

Станува збор за дефанзивец кој одлично се снаоѓа во формација со тројца во последната линија, нешто на што Конте инсистира веќе подолго време. Се очекува Марин да биде првиот од неколкуте нови фудбалери во одбраната на „наполитанците“, а следни на листата со желби се Хермосо од Атлетико Мадрид и Бонџорно од Торино.

Се вчитува...