Манчестер Јунајтед зад себе има сезона за заборав, која можеби ќе го чини тренерот Ерик тен Хаг отказ од „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“ завршија како осмопласирани во Премиерлигата, но на крај освоија еден трофеј – оној во ФА Купот, откако во финалето го победија градскиот ривал Манчестер Сити.
Шефовите покрај тренерско решени, бараат и освежувања во играчкиот кадар. Голем проблем во штотуку завршената сезона беше одбраната, а сега дополнително ќе биде проблематична, откако најави заминување и Рафаел Варан. Варан најверојатно ќе прифати некоја од понудите од Саудиска Арабија.
Токму поради тоа прва желба за Манчестер Јунајтед во новиот преоден рок е играчот на Челси, Тревор Чалоба. Чалоба има 25 години, а Челси го проценува на 30 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА