Црногорецот Милан Поповиќ (27) кој игра на позицијата лево крило, е првото засилување во редовите на Пелистер за следната сезона.
Поповиќ потекнува од школата на Ловќен, а во последните три сезони играше во тимот на Ваци во Унгарија.
Пелистер имаше променлива сезона, со извонреден есенски дел со 12 победи и многу промени и турбуленции на полусезнота кога беше сменет тренерот Стевче Алушовски и на негово место прво беше назначен Борче Марковски, а потоа дојде Томе Петрески. На крај Пелистер заврши на петтото место во суперлигашкиот плеј-оф и остана без пласман во европските купови. Од управата најавија нова реконструкција и неколку странски засилувања што треба да пристигнат во летниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА